квалитет од 1948 година

Печат кој остава впечаток, сега и секогаш.

Формирана уште во 1948 год, од скромен зачеток со десетина вработени, со скромни просторни, кадровски и материјални ресурси, низ сите овие години постепено се разви во организација способна да ги задволи високите критериуми кои ги наметнува современиот стил на работење.

Оценета 4.9 од 24 луѓе

Печатницата е оспособена за извршување на сите видови графички услуги, за секаков вид графичко обликување и дизајнирање, почнувајќи од стандардни до најсуптлни и најпрефинети дизајни.

Со гордост констатираме дека Печатницата е оспособена за комплетно реализирање на еден производ од од идеја до финална изработка.

Сè што ви е потребно за професионално печатење

Нудиме комплетни печатарски услуги, од техничка подготовка до финална изработка, со фокус на квалитет, сигурност и почитување на рокови. Работиме со компании, организации и институции со јасни барања и стандарди.

Image link

Техничка подготовка

Подготовка и проверка на материјалите пред печат, со контрола на формати, бои и технички параметри за точен и стабилен резултат.

Image link

Печатење

Офсет и дигитално печатење со висок квалитет, конзистентни бои и јасни детали, прилагодено на различни формати и количини.

Image link

Безбедносен печат

Печатење со заштитни елементи за документи и материјали со зголемени безбедносни барања.

0+ години
Искуство во печатарска дејност

Традиција што го движи современото печатење

Со повеќедецениско искуство и континуирано технолошко унапредување, Печатница „11 Октомври“ е сигурен партнер за компании и институции со високи стандарди. Нашата работа е изградена врз стабилни процеси, техничка прецизност и доверба стекнувана со години.

Водени од квалитет, изградени на доверба

Нашиот пристап се темели на јасни вредности, техничка прецизност и одговорност кон секој клиент и проект.

Создаваме квалитетни и сигурни печатарски услуги со фокус на вредност, прецизност и надминување на очекувањата на клиентите.

Да бидеме помеѓу водечките печатници во земјата, преку постојано унапредување и извонредност како континуиран процес на вредности.

Сите проекти ги реализираме навреме, користејќи современа технологија и внимание на деталите за сигурна и коректна изведба.

Работиме со јасна комуникација, техничка прецизност и контрола на квалитет во секоја фаза на изработка и реализација на проектите.

А+ Сертификат

Бонитетна оцена А+

Сертификатот потврдува дека деловниот субјект е во групата компании со најдобра бонитетна оцена во Северна Македонија.

1. Консултација
2. Анализа
3. Подготовка
4. Печатење
5. Финална проверка
6, Испорака

Вашиот следен проект започнува тука

Nашиот тим е подготвен да ви понуди професионално решение со јасен рок и прецизна изведба.