Техничка подготовка со врвна технологија
Нашиот оддел за техничка подготовка ја разбира вредноста на времето и важноста на роковите. Со користење на најсовремени предпечат технологии и водечки софтверски решенија, обезбедуваме брза обработка, сигурна испорака и оптимизација на трошоците. Секој графички документ поминува низ детална контрола со цел да се гарантира техничка исправност и беспрекорен финален резултат.
Нашите капацитети опфаќаат:
Детална проверка на бои и графички елементи
Контрола на распоред и монтажа на документи
Пренос на податоци директно на плоча
Напредни оперативни системи и современи софтверски платформи
CTP (Computer to Plate) технологија за изработка на високопрецизни печатарски плочи
Подготовка што гарантира квалитет во сите понатамошни производствени фази